Беќировиќ: Вучиќ ги загрозува мирот и безбедноста во регионот и во цела Европа
- Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ истакна дека „обидот да се создаде непостоечка државност на босанско-херцеговскиот ентитет РС е брутално кршење на Дејтонскиот мировен договор“.

Сараево, 12 февруари 2025 (МИА) - Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ истакна дека „обидот да се создаде непостоечка државност на босанско-херцеговскиот ентитет РС е брутално кршење на Дејтонскиот мировен договор“.
„Усвоената Декларација на таканаречениот сесрпски сабор на Србија и босанско-херцеговскиот ентитет РС претставува хегемонистички државно-институционален, правно-политички акт, насочен директно против уставниот поредок на државата Босна и Херцеговина и Дејтонскиот мировен договор, но и против неколку други земји во регионот. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, залагајќи се за реализација на мрачниот концепт „еден народ, еден парламент, еден лидер“, ги загрозува мирот и безбедноста не само во регионот, туку и во цела Европа. Неразбирањето на опасноста од овој ретрограден концепт може да има несогледливи последици“, рече Беќировиќ.
Тој наведува дека „обидот на Вучиќ да го наметне Денот на државноста на Република Србија како ден на државноста на босанско-херцеговскиот ентитет РС претставува невиден облик на кршење на меѓународното и националното право“. рп/
Фото: Претседателство на БИХ