Бејта до граѓаните на Гостивар: Ме пречекавте со топлина во срцето, во недела заокружете го бројот 1
- Во текот на овие недели од кампањата, ме пречекавте со топлина, почит и искреност каде и да се сретнавме. Во секое маало и во секое село, ми ги отворивте вратите од вашите домови и срцата, споделувајќи ги проблемите, грижите и неправдите со кои секојдневно се соочувате. Ви благодарам искрено за довербата и за зборот што ми го дадовте. За жал, Гостивар беше занемарен и сериозно оштетен од раководство кое не ги слушаше граѓаните и не работеше во нивен интерес. Нашиот град е разурнат од лошо управување, недостаток на одговорност и политики кои го заборавија обичниот човек. Оваа недела е моментот Гостивар да зборува со ЕДЕН ГЛАС, истакна кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ, Невзат Бејта во своето обраќање до граѓаните на Гостивар пред гласањето во недела.
Гостивар, 9 јануари 2026, (МИА)
Во своето последно обраќање до граѓаните на општина Гостивар пред изборите во недела, кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ, Невзат Бејта, истакна:
Драги граѓани на Гостивар,
Во текот на овие недели од кампањата, ме пречекавте со топлина, почит и искреност каде и да се сретнавме. Во секое маало и во секое село, ми ги отворивте вратите од вашите домови и срцата, споделувајќи ги проблемите, грижите и неправдите со кои секојдневно се соочувате. Ви благодарам искрено за довербата и за зборот што ми го дадовте.
За жал, Гостивар беше занемарен и сериозно оштетен од раководство кое не ги слушаше граѓаните и не работеше во нивен интерес. Нашиот град е разурнат од лошо управување, недостаток на одговорност и политики кои го заборавија обичниот човек.
Оваа недела е моментот Гостивар да зборува со ЕДЕН ГЛАС. Ве повикувам масовно да излезете на гласање и да ја земете судбината на вашиот град во свои раце. Гостивар заслужува промени, работа и достоинство. Во недела, гласајте за број 1.