• вторник, 30 декември 2025

Бејн од Орландо казнет со 35.000 долари за фрлање топка кон противнички играч

Бејн од Орландо казнет со 35.000 долари за фрлање топка кон противнички играч

Вашингтон, 9 декември 2025 (МИА) - НБА го казни бекот на Орландо, Дезмонд Бејн, со 35.000 долари за неспортско однесување за време на натпреварот против Њујорк, објави прес-службата на лигата.

Дваесет и седумгодишниот Американец намерно ја фрли топката кон кошаркарот на Њујорк, Оу Џи Ануноби, на саботниот меч кој го доби Орландо со 106:100.

На Бејн му беше изречена техничка грешка 6 минути и 13 секунди до крајот на четвртата четвртина.

Ануноби беше на брза акција, а двајца дефанзивци на Меџик се обидоа да му ја земат топката, соборувајќи му ја од рацете. Додека напаѓачот излета надвор од теренот, топката остана под обрачот. Бејн ја зеде и силно ја фрли кон лежечкиот Ануноби.

Претходен сличен инцидент во кој беше вклучен Бејн се случи во поразот од Атланта со 112:127, каде што ја фрли топката кон центарот Оњека Оконгву додека тој лежеше на паркетот.

Во сезоната 2025/26, Бејн има просек од 18,3 поени, 4,4 скока и 4,5 асистенции по натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан