Бесплатни прегледи по повод месецот на машкото здравје во геријатриската болница во Скопје
- По повод Месецот на машкото здравје - Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” - Скопје денеска со почеток во 10 часот ќе се вршат бесплатни уролошки прегледи, како и ехо прегледи на бубрези и простата.
Скопје, 29 ноември 2025 (МИА) - По повод Месецот на машкото здравје - Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” - Скопје денеска со почеток во 10 часот ќе се вршат бесплатни уролошки прегледи, како и ехо прегледи на бубрези и простата.
Целта е подигнување на свесноста за значењето на навремената грижа за машкото здравје. Ова е одлична можност за навремена проверка, превенција и грижа за здравјето, информира болницата „13 Ноември” - Скопје.
Уролошки прегледи ќе врши Дарко Марковски, уролог од ГОБ „8-ми Септември“, а ехо на бубрези и простата докторките Марика Филипова и Марија Сековска - специјалисти интернисти во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.лв/вј/
фото: Фејбсук на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.