Бергер: Хамилтон може да ја освои осмата титула
- Поранешниот Формула 1 возач Герхард Бергер верува дека Луис Хамилтон може да ја освои осмата титула во Формула 1.

Лондон, 13 февруари 2025 (МИА) - Поранешниот Формула 1 возач Герхард Бергер верува дека Луис Хамилтон може да ја освои осмата титула во Формула 1.
Во претстојната сезона Хамилтон ќе вози за Ферари.
-Дали болидот на Ферари е вистински за Хамилтон? Да. Хамилтон може да стане светски шампион со Ферари. Ако се случи тоа, би бил најголемиот настан во историјата на Формула 1 од маркетиншка гледна точка, изјави Бергер за „Auto Motor und Sport“.
Хамилтон му се приклучи на италијанскиот тим по сезоната 2024, заминувајќи од Мерцедес.
Минатата сезона, Британецот заврши на седмото место во генералниот пласман на возачи, со 223 бодови. зс/
Фото: ЕПА