Без вода улиците „Тодор Александров“, „Партениј Зографски“ и „Периша Савелиќ“
- Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Тодор Александров“, „Партениј Зографски“ и „Периша Савелиќ“ во општина Центар.
Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Тодор Александров“, „Партениј Зографски“ и „Периша Савелиќ“ во општина Центар.
Од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информираат дека прекинот со водоснабдувањето е поради поврзување од стара на нова мрежа ф 200 мм на улица „Тодор Александров“ бб.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. дма/лв/
Фото: МИА архива