Без вода дел улица „Маџари“ и Поликлиника Ченто
- Прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 11:30 до завршување со работни активности.
Скопје, 8 март 2026 (МИА) - Поради уличен дефект ф 2 на улица „Маџари“ бб (кај пазарчето), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и од Поликлиниката Ченто.
Прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 11:30 до завршување со работни активности. сст/
Фото МИА архива