Без вода дел од Ново Лисиче
- Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Видое Смилевски - Бато“ број 55, од ниска зона.
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Видое Смилевски - Бато“ број 55, од ниска зона.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф-80 милиметри на истата адреса.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/са/
Фото: МИА архива