Барселона – Макаби натпревар од висок ризик
- Натпреварот меѓу Барселона и Макаби од страна на локалните власти и полицијата има карактер на натпревар од висок ризик
Барселона, 2.јануари 2026 (МИА) – Натпреварот меѓу Барселона и Макаби од страна на локалните власти и полицијата има карактер на натпревар од висок ризик. Ова е дуел од 20.коло од Евролигата.
Натпреварот нема да се игра пред целиот капацитет на салата, а Барселона најави дека на сопствениците на сезонски билети ќе им ги надополни трошоците. Натпреварот ќе биде бојкотиран и од страна на навивачките групи бидејќи се почести се барањата натпреварите од Евролигата каде настапуваат израелските екипи да бидат откажани. Тие на овој начин сакаат да се солидаризираат со палестинскиот народ.
Околу 150 општествени, работнички и политички организации од Барселона бараат натпреварот да не се игра. Тие направија и петиција и сметаат дека одобрувањето на овој натпревар претставува „нормализација на геноцидот над палестинскиот народ и придонес кон кршење на меѓународното право и човечките права“. Мн/
Фото: ЕПА