• сабота, 22 февруари 2025

Барселона не брза да му понуди нов договор на Ханси Флик

Барселона не брза да му понуди нов договор на Ханси Флик

Барселона, 12 февруари 2025 (МИА) - Спортскиот директор на Барселона, Деко, во интервју за каталонскиот весник „Спорт“ изјави дека се уште е рано да се зборува за продолжување на договорот на тренерот Ханси Флик, а и двете страни не брзаат.

Германскиот стручњак минатото лето потпиша со Каталонците и има договор до летото 2026 година.

-Освоивме трофеј, играме добро и впечатоците се добри. Тоа е најважно. Задоволни сме и со работата што ја работи секој ден. Сигурно ќе дојде момент кога ќе зборуваме за обновување. Но сега ниту за него ниту за нас не е приоритет да зборуваме за тоа, изјави Деко, кој исто така е поранешен играч на Барселона.

Самиот Флик на две последователни прес-конференции објави дека не се брза да се посвети на клубот.

-Сакам да работам со овој тим и за овој клуб. Има време, имам уште една година договор и потоа ќе видиме. За тренерите една сезона е долг период, изјави Германецот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан