• сабота, 10 јануари 2026

Бакајоко пред потпис со Мец

Бакајоко пред потпис со Мец

Париз, 10 јануари 2026 (МИА) - Францускиот фудбалер Темоје Бакајоко би можел да ја продолжи кариерата во Мец.

Според „Л'Екип“, 31-годишниот Французин, кој стана слободен агент откако го напушти ПАОК минатото лето, е во преговори со клубот за враќање во Лига 1.

Одбранбениот играч претходно во кариерата има настапувано за Милан, Челзи, Лориен, Рен, Наполи и Монако. 

Бакајоко одигра 341 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и девет асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан