Африканската унија повикува на итна меѓународна акција во врска со ситуацијата во Мали
- Африканската унија (АУ) денеска повика на итна меѓународна акција, вклучително и споделување разузнавачки информации, за справување со влошените безбедносни услови во Мали, каде што џихадистичките бунтовници го блокираат увозот на гориво и киднапираат странци.
Бамако, 10 ноември 2025 (МИА) - Африканската унија (АУ) денеска повика на итна меѓународна акција, вклучително и споделување разузнавачки информации, за справување со влошените безбедносни услови во Мали, каде што џихадистичките бунтовници го блокираат увозот на гориво и киднапираат странци.
Џихадистичката група поврзана со Ал Каеда, која дејствува во регионот Сахел во Западна Африка, го блокира увозот на гориво и напаѓа конвои со цистерни од септември, предизвикувајќи недостиг што ги затвори училиштата и бизнисите.
Училиштата во главниот град Бамако беа повторно отворени денеска по двонеделна пауза поради недостиг на гориво.
Најновото насилство од страна на групата Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин предизвика стравувања дека џихадистите би можеле да се обидат да наметнат власт во Мали.
Западните земји, вклучувајќи ги САД, Франција, Велика Британија и Италија, ги повикаа своите граѓани да го напуштат Мали.
Претседателот на Комисијата на Африканската унија, Махмуд Али Јусуф, вчера изрази „длабока загриженост за брзо влошената безбедносна ситуација во Мали, каде што терористичките групи наметнуваат блокади, го нарушуваат пристапот до основни потреби, значително ја влошуваат хуманитарната ситуација за населението“.
Тој додаде дека е потребна зголемена соработка, споделување разузнавачки информации и поддршка за земјите во регионот Сахел погодени од насилен екстремизам.
Службеникот на Африканската унија, исто така, повика на итно ослободување на тројцата неодамна киднапирани египетски државјани. мс/
фото: МИА архива