• петок, 05 декември 2025

Атаман незадоволен од настапите на Шортс

Атаман незадоволен од настапите на Шортс

Атина, 6 ноември 2025 (МИА) – Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс имаше лош почеток во новата клупска средина, тимот на Панатинаикос. Член на идеалната петорка на Евролигата од минатата сезона и најкорисен играч (МВП) на Еврокупот (2024) и Лигата на шампионите (2023), тој се приклучи на грчкиот клуб ова лето и има просек од само 6,1 поен и 2,7 асистенции за 14,7 минути по натпревар во Евролигата.

Гласините сугерираат дека Црвена ѕвезда веќе покажа интерес за Шортс да го добие на позајмица.

- Досега, сум 90% незадоволен од неговиот настап во нашиот тим. Не знам чија е вината, негова или наша, но реалноста е дека тој не ги исполнува очекувањата. Не знам ништо за гласините, изјави тренерот на грчкиот тим, Ергин Атаман.

Панатинаикос во досегашниот тек од Евролигата има пет победи и четири порази. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан