• петок, 05 декември 2025

Асфалтирана улицата „Страшо Пинџур“ во Виница

Асфалтирана улицата „Страшо Пинџур“ во Виница

Виница, 17 ноември 2025 (МИА) - Заврши асфалтирањето на улицатата „Страшо Пинџур“ во Виница, која беше во исклучително лоша состојба, а на истата секојдневно гравитираат над 150 семејства, се наведува во известувањето од Општина Виница.

Покрај улицата се реконструираат и асфалтираат и паркинзите пред околните згради.

Откако ќе завршиме со асфалтирањето,  ќе поставивиме и целосна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација за поголема безбедност во сообраќајот, стои во известувањето од Општина Виница. ис/вј/

Фото: Општина Виница

Остани поврзан