Астон Мартин ќе го промовира својот нов болид на 23 февруари
- Астон Мартин на крајот на овој месец ќе го открие болидот за 2025 година.

Лондон, 6 февруари 2025 (МИА) – Астон Мартин на крајот на овој месец ќе го открие болидот за 2025 година.
Според тимот, свеченото претставување на болидот AMR25 е планирано за 23 февруари во Бахреин. Следниот ден, тимот таму ќе го тестира автомобилот таму како дел од денот на снимањето.
Претсезонските тестирања ќе се одржат во Бахреин на 26-28 февруари.
Сезоната во Формула 1 ќе започне на Гран При на Австралија со етапата од 14-16 март.
За Астон Мартин во претстојната сезона ќе возат Фернандо Алонсо и Ленс Строл. зс/
Фото: ЕПА