• сабота, 22 февруари 2025

Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата

Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата

Лондон, 2 февруари 2025 (МИА) - Арсенал го прегази Манчестер Сити на „Емирати“ во натпреварот од 24. коло на Премиер лигата - 5:1.

Арсенал полесно од очекувањата го доби дербито против Манчестер Сити. Иако гостите успеаја да израмнат во 55. минута, немаше дилема кој е подобар тим до крајот на мечот. 

„Tопџиите“ постигнаа уште четири гола за убедлива победа и ја продолжија шампионската трка со водечкиот Ливерпул.

Лондонскиот тим ја задржа дистанцата со лидерот во генералниот поредок. Ливерпул имаат 56 бода по саботната победа над Бурнмаут, додека екипата на Микел Артета е втора со 50 и натпревар помалку. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан