• петок, 05 декември 2025

Ангелов во Париз на состанок на Координативниот центар за итен одговор на ЕУ

Ангелов во Париз на состанок на Координативниот центар за итен одговор на ЕУ

Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Одделението за оператива и логистика во ДЗС, Ивица Наумовски, вчера и денеска во Париз присуствува на работни состаноци организирани од Координативниот центар за итен одговор при Генералниот директорат за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош при Европската комисија.

Како што соопшти ДЗС, главна тема на состаноците се „научените лекции од шумските пожари и пожарите на отворен простор на територијата на Европа во 2025 година, при што посебен акцент беше ставен на начинот на активирање на механизмот за цивилна заштита на ЕУ за наредната 2026 година“.

-Истовремено, се дискутираше и за подобрување на превенцијата како и подобар одговор и координација при шумски пожари и пожари на отворен простор. На состаноците говореа Жулиен Марион, генерален директор за цивилна заштита и кризен менаџмент на Франција и Микела Матуела, директор на Координативниот центар за итен одговор на ЕУ, информира Дирекцијата за заштита и спасување. хс/са/

Фото: Дирекција за заштита и спасување

Остани поврзан