Американски верски организации ја тужат администрацијата на Трамп поради апсења во црквите
- Вкупно 27 верски организации во САД, кои претставуваат милиони граѓани, поднесоа тужба до Окружниот суд во Вашингтон, барајќи да се запре политиката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која им овозможува на имиграциските власти да вршат апсења во црквите.

Вашингтон, 11 февруари 2025 (МИА) - Вкупно 27 верски организации во САД, кои претставуваат милиони граѓани, поднесоа тужба до Окружниот суд во Вашингтон, барајќи да се запре политиката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која им овозможува на имиграциските власти да вршат апсења во црквите.
Во тужбата се наведува дека новата политика создава страв од целни акции против мигрантите, што резултира со намалена посетеност на богослужбите и другите црковни активности. Организациите тврдат дека со ова се нарушуваат нивните верски слободи, како и нивната способност да им пружаат поддршка на мигрантите, вклучително и на оние кои нелегално престојуваат во САД.
Сè уште нема одговор од администрацијата на Трамп за тужбата, во која како тужени се наведени Министерството за внатрешна безбедност и неговите агенции задолжени за имиграција. ссм/
фото: ЕПА