• понеделник, 08 декември 2025

Алкараз загуби од Тијафо во ревијален меч

Алкараз загуби од Тијафо во ревијален меч

Њу Џерси, 8 декември 2025 (МИА) – Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз ноќеска загуби од Американецот Франсес Тијафо на ревијален турнир во Њу Џерси.

Натпреварот заврши со 2-1, по сетови 6:3, 3:6 и 10:7.

Дваесет и двегодишниот Шпанец освои 24 АТП турнири во поединечна конкуренција. Во сезоната 2025, Алкараз освои осум титули, вклучувајќи го Отвореното првенство на САД и Ролан Гарос. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан