Алиу-Мемишоглу: Постои можност за уште поинтензивна македонско-турска соработка во здравството
- - Имаме многу заеднички предизвици во здравството, од потребата за јакнење на човечките ресурси и модерна инфраструктура, до дигитализација што ќе ја направи грижата побрза, поефикасна и поправична за секој граѓанин. Убеден сум дека преку размена на експертиза и партнерства меѓу нашите институции можеме заеднички да градиме политики кои директно ќе значат подобар пристап и покавалитетни здравствени услуги за нашите граѓани, рекол на средбата министерот Алиу.
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Во рамки на 11. Турски медицински конгрес кој се одржува во Анкара, министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу, соопшти Министерството за здравство.
- Имаме многу заеднички предизвици во здравството, од потребата за јакнење на човечките ресурси и модерна инфраструктура, до дигитализација што ќе ја направи грижата побрза, поефикасна и поправична за секој граѓанин. Убеден сум дека преку размена на експертиза и партнерства меѓу нашите институции можеме заеднички да градиме политики кои директно ќе значат подобар пристап и поквалитетни здравствени услуги за нашите граѓани, рече на средбата министерот Алиу.

ОД МЗ велат дека Република Турција е една од земјите кои ја пружија својата поддршка за хоспитализација и третман на повредените лица од пожарот во Кочани.
Министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу изразил задоволство од добрата соработка меѓу двете пријателски земји, притоа нагласувајќи дека постојат уште многу можности за нејзино интензивирање во повеќе здравствени сегменти. сст/паг/
Фото: Министерство за здравство