• петок, 05 декември 2025

Александар Стуб: Неверојатно е да се случи прекин на огнот во Украина пред пролетта следната година

Александар Стуб: Неверојатно е да се случи прекин на огнот во Украина пред пролетта следната година

Хeлсинки, 16 ноември 2025 (МИА) - Примирје во Украина е малку веројатно пред пролетта следната година, а европските сојузници мора да продолжат да ѝ даваат поддршка на таа земја и покрај корупцискиот скандал што го зафати Киев, изјави претседателот на Финска, Александар Стуб.

Стаб рече дека во меѓувреме на Европа ќе ѝ треба „сису“, фински збор за издржливост, отпорност и храброст, за да ги преброди зимските месеци додека Русија продолжува со своите хибридни напади и информациска војна низ целиот континент, пренесоа финските медиуми.

Тој рече дека го користи својот добар однос со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого редовно разговара и повремено игра голф, за да ја претстави позицијата на Украина. зш/

Остани поврзан