Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни и 14 новинари
- За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1622 набљудувачи од кои 957 домашни и 651 меѓународни и 14 странски новинари, соопшти Државната изборна комисија.
Скопје, 1 ноември 2025 (МИА) - За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1622 набљудувачи од кои 957 домашни и 651 меѓународни и 14 странски новинари, соопшти Државната изборна комисија.
Според податоците од веб - страната на ДИК, најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП" - Скопје - 685.
Пред првиот круг на изборите за набљудување беа акредитирани и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје - 10, Здружение за општествен развој „ЗА ТЕТОВО“ - пет, Национален совет за родова рамноправност - 25, Здружение Планинарски спортски клуб „КАБ Струга", Струга - 16, Евротинк-Центар за европски стратегии - четворица, Здружение на граѓани ЦИВИЛ Центар за слобода - Скопје - 60, Здружение на граѓани за зајакнување на демократските вредности ТРИ СИ КОНСАЛТИНГ - Скопјe T - шест, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД - 27 набљудувачи, Национална мрежа Жените за жените - 20, Национален Ромски Центар има еден набљудувач, Здружение за унапредување на демократијата Демокраси Лаб Тетово - четорица, Национален ромски центар, Куманово - двајца, Центар за стратегиски истражувања и анализи ЦСИА Битола - еден, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА - 11, Институт за социјална промена ИНСОК - 10 и Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ - 10.
Според податоците од официјалната веб страна на ДИК, најмногу меѓународни набљудувачи на Локалните избори 2025 има акредитирано ОДИХР - Канцеларија за демократски институции и човекови права - 500. Aмбасада на САД во Скопје - 30, Совет на Европа - 24, Европски Парламент - 18, Британска Амбасада во Скопје - 11, ДИК на Хрватска - двајца, Унгарската амбасада - осум, Центар за развој, реформи и обуки на изборни систем Грузија - двајца, Амбасада на Словачка еден, Централна изборна комисија на Украина - еден, Меѓународна Фондација за изборни системи Вашингтон, САД-подружница во РСМ - седум, Амбасада на Франција - девет, Амбасада на Кралството Холандија - десет, Институт за соработка и развој-Франција еден, Врховен изборен совет на Република Турција - двајца, Амбасадата на Швајцарија - тројца, ДИК Молдавија - двајца, Амбасада на Република Албанија - четворица, Амбасадата на Турција - еден, Амбасадата на Косово тројца, Центар за тренинг на Молдавија еден и Централна изборна комисија на Косово 10 набљудувачи и Београдски форум за свет на рамноправните - еден.
Изборите ќе ги следат и 14 странски новинари и тоа од ТВ Клан Косово - 6, ТОП Канал Албанија - 1, ТВ1 Косово - 2, Европска прес агенција 1, ТРТ 2 и РТКосово 2. ев/лв/
ФОТО: Архива