• петок, 05 декември 2025

Аеродромот во Брисел затворен за сообраќај поради забележан дрон  

Аеродромот во Брисел затворен за сообраќај поради забележан дрон  

Брисел, 4 ноември 2025 (МИА) – Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ вечерва е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, соопшти белгиската Контрола на воздушниот сообраќај. 

Според белгиските медиуми, авионскиот сообраќај на бил запрен нешто пред 20 часот, откако бил забележан дрон над аеродромот. 

- Од безбедносни причини, целиот воздушен сообраќај е привремено запрен, изјави портпаролот на Контролата на воздушниот сообраќај, Курт Вервилиген. 

Сите полетувања се одложени, а авионите кои требало да слетаат на „Зевентем“ се пренасочуваат кон белгиските аеродроми „Остенде-Бриж“ и „Шарлероа-Јужен Брисел“ или во Ајндховен во Холандија или Лил во Франција. сп/јт/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан