Администрацијата на Трамп со нова политика за работата на УСАИД: „Америка на прво место“
- Администрацијата на Доналд Трамп започна со радикална трансформација на работењето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), која распределува економска помош за други земји. Администрацијата го суспендира финансирањето на сите актуелни програми на УСАИД, додека изведувачите треба „ваднаш да ги прекинат работите“, јавуваат дел од американските медиуми.

Вашингтон, 27 јануари 2025 (МИА) - Администрацијата на Доналд Трамп започна со радикална трансформација на работењето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), која распределува економска помош за други земји. Администрацијата го суспендира финансирањето на сите актуелни програми на УСАИД, додека изведувачите треба „ваднаш да ги прекинат работите“, јавуваат дел од американските медиуми.
Во писмо испратено викендов до повеќе од 10.000 вработени во УСАИД, се даваат инструкции како вработените да ги спроведуваат новите директиви на администрацијата.
Агенцијата отсега треба да се раководи со принципот „Америка на прво место“. Вработените кои одбиваат да ги исполнат барањата на администрацијата се сочуваат со дисциплински мерки.
Покрај тоа, администрацијата испрати известување до изведувачите, налагајќи им „веднаш да прекинат со работите“ и „да ги изменат или суспендираат постојните договори“.
-Непочитувањето на оваа директива или било која друга директива испратена претходно неделава и која ќе биде испратена во наредните недели ќе резултира со дисциплински мерки. Обврзани сме да го поддржиме претседателот во реализирацијата на неговата визија, се вели во соопштението испратено од Кен Џексон, помошник на администраторот за управување и ресурси.
Откако минатата недела стапи на должноста претседател на САД, Доналд Трамп започна да ги спроведува своите ветувања за реформи во федералната бирократија. Стотици федерални службеници се отпуштени или преместени на други позиции, и се преземаат мерки против неколку агенции.
Неколку часа по преземањето на должноста, Трамп нареди замрзнување на помошта за странски држави во траење од 90 дена, за да се провери дали одобрената помош е во согласност со неговите надворешнополитички приоритети.
САД се најголемиот донатор на економска помош во светот. Во фискална 2023 година како странска економска помош биле издвоени 72 милијарди долари. кб/