Авиолинија Скопје - Бодрум со „Изиџет“ од следното лето
- Авиолинијата за Скопје ќе стартува од 2 јули и ќе се реализира секој четврток.
Скопје, 9 декември 2025 (МИА) - Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ од следната година ќе реализира сезонски летови од Бодрум до Скопје и Сараево, објави порталот „Екс ју авиејшн“.
Авиолинијата за Скопје ќе стартува од 2 јули и ќе се реализира секој четврток, а од Сараево од 28 јуни, односно секоја недела.
„Изиџет“ со „Анадолуџет“ ги опслужуваше двете авиолинии во минатото, до Скопје од 2022 до 2024 година, а до Сараево од 2021 до 2024 година.лв/са/
фото: МИА архива