Возач на комбе уапсен пред седиштето на австриската државна телевизија поради закана за поставена бомба
- Еден маж е приведен откако со комбе го блокирал патот пред седиштето на австриската државна телевизија ОРФ во Виена и тврдел дека поставил бомба во возилото, соопшти денеска австриската полиција.

Виена, 25 март 2025 (МИА) - Еден маж е приведен откако со комбе го блокирал патот пред седиштето на австриската државна телевизија ОРФ во Виена и тврдел дека поставил бомба во возилото, соопшти денеска австриската полиција.
Возилото се претресува, објави полицијата на социјалната мрежа Икс. Службите за итни случаи ги евакуираа зградите во областа.
Водителот на ОРФ, чија програма беше откажана поради безбедносната закана, во етерот изјави дека мажот се заканил дека ќе изврши бомбашки напад пред седиштето на телевизијата. рп/
Фото: МИА архива