• среда, 15 мај 2024

„The Athletic“: Реал во 2022 му понуди на Мбапе 26 милиони евра годишно и 130 милиони бонус, сега сумата ќе се намали, но Килијан ќе биде најплатениот играч на клубот

„The Athletic“: Реал во 2022 му понуди на Мбапе 26 милиони евра годишно и 130 милиони бонус, сега сумата ќе се намали, но Килијан ќе биде најплатениот играч на клубот

Мадрид, 7 јануари 2024 (МИА) - Реал Мадрид го извести Килијан Мбапе за условите за неговиот потпис на лето.

Според „Атлетик“, во 2022 година, Реал Мадрид му понудил на Мбапе плата од 26 милиони евра годишно и бонус за потпис од 130 милиони евра. Во 2024 година, понудата на Реал Мадрид нема да биде толку профитабилна - тоа се должи на слабеењето на клупската економија и новата трансфер политика, која подразбира посебно внимание на младите играчи.

Се истакнува дека и покрај намалувањето на сумата што му е понудена на Мбапе, Французинот ќе стане најплатениот играч на Реал Мадрид доколку ја прифати понудата. Клубот од Мадрид прави се за да го ангажира Килијан.

Мбапе мора да донесе одлука во врска со својата иднина во блиска иднина - претходно беше објавено дека напаѓачот на ПСЖ планира да го направи тоа пред почетокот на плејофот од Лигата на шампионите. 

Французинот во личните разговори со Флорентино Перез (претседател на Реал) во неколку наврати ја истакнувал желбата да игра за мадридскиот клуб. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан