Специјалната пратеничка на ОН, Бишоп во посета на Мјанмар по разорниот земјотрес
- Специјалната пратеничка на Обединетите нации за Мјанмар, Џули Бишоп ја посети земјата и се сретна со министерот за надворешни работи Тан Свeo, токму во моментот кога Мјанмар се опоравува од земјотресот во кој загинаа повеќе од 3.600 луѓе.

Бангкок, 10 април 2025 (МИА) - Специјалната пратеничка на Обединетите нации за Мјанмар, Џули Бишоп ја посети земјата и се сретна со министерот за надворешни работи Тан Свeo, токму во моментот кога Мјанмар се опоравува од земјотресот во кој загинаа повеќе од 3.600 луѓе.
Бишоп освен со Свео се сретна и со други официјални лица пред оштетената зграда на Министерството за надворешни работи во главниот град Нејпидо, објави мјанмарската државна телевизија МРТВ.
Мјанмар на 28 март го погоди земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.
Во извештајот на телевизијата се наведува дека Бишоп и претставниците на Мјанмар разговарале за координација меѓу земјата и Обединетите нации за помош на луѓето погодени од земјотресот, но не прецизирале дополнителни планови. Не е познато дали Бишоп ќе се сретне со лидерот на хунтата Мин Аунг Хлаинг и со Аунг Сан Су Чи, која отслужува затворска казна.
Тоа е втора посета на Бишоп на Мјанмар од нејзиното назначување минатата година. рп/
Фото: ЕПА