• четврток, 26 март 2026

Николоски: Македонија добива историски најголем обем на средства за реализација на капитални проекти

Николоски: Македонија добива историски најголем обем на средства за реализација на капитални проекти

Скопје, 20 мај 2025 (МИА) -  Македонија добива историски наголем обем на средства за реализација на капитални проекти  со договорот Влада со Влада што го потпишеме в четврток во Лондон, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски откако Владата денеска го усвои Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти. 

Целта нa Договорот е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија.  Планираните проекти со договорот  се изградба и реконструкција на железничкиот Коридо 10 од Табановце до Гевгелија кој ориентационо како што соопшти Никооски, би требало да чини околу милијарда и 900 милиони евра до две милијарди евра, а изградбата на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и Студентскиот дом во Штип, целосната реконструкција на Клиничката болница во Тетово и изградбата на нова болница со нов здравствен дом во Кичево, околу 200 милиони евра.  За тие проекти  од планираните шест милијарди евра со договорот,  би се потрошиле 2,1 до 2,2 милијарда евра, кои според инсистирањето на макеоднската страна би ги враќале по завршувањето.  

Николоски соопшти дека многу значајно е што согласно со Договорот ќе  се разменуваат знаења и практики користејќи експертиза од Владата на Обединетото Кралство и од британски деловни субјекти за подршка на реализација на проекти но исто така и на трансформација на јавната администрација и приватниот сектор со експертиза од бизнис заедницата од ОК  но и од владините агенции.

- Ќе се разменуваат знаења во здравството, транспортот, технологијата, енергетиката и клучните критични сектори, а за изградба на капацитетите на Владата на Македонија ќе се користи експертиза од Обединетото Кралство. Оваа соработка ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и политиките на секоја од двете земји. Учесниците ќе работат заедно да ги истражат можностите за мобилизирање на средства за финансирање на проекти и што е многу значајно, Владата на Обединетото Кралство го потврдува интересот и капацитетот преку Инструментот за финансирање на извозот или УКЕФ, со што става на располагање 5 милијарди фунти или 6 милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Нагласувам ова ќе биде проектно финансирање и финансирање кое ќе оди исклучиво со реализација на проекти. Ова е рамка која не значи дека целосно ќе се искористи но е рамка што е располагање и која што можеме да ја користиме, рече Никооски. 

Потенцираше дека е горд што Владата и тој лично добиле и официјална покана од Владата на Обединетото Кралство за да се потпише договорот Влада со Влада на 22 мај. Во делегацијата со него ќе бидат и потпретседателот на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска, директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски и останати соработници. 

- Ќе имаме два плодни дена за соработка. Утре имаме средби со министерот за внатрешни работи на Обединетото Кралство и министерот за одбрана, имаме и средби со претставници од Инструментот за финансирање. Во четврток е главната церемонија, а исто така во четврток ќе имам средба и со директорот на Рајанер од каде што очекувам да произлезат и нови летови кон Скопје, најави вицепремиеропт Николоски. 

Тој потенцираше дека се работи за историски момент и дека 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува во македонската историја затоа што се работи за досега најобемен дооговр кој Македонија го постигнала со било која држава.

- Тоа не е која било држава, тоа е втората светска сила, држава со која имаме одлична соработка во рамки на НАТО Алијансата, дел е од западната цивилизација, става на располагање најмногу средства и за мене е наважен политичкиот момент бидејќи влегуваме во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и држава која ги почитува евроатланските вредности. Исто ми е драго што Обединетото Кралство објави дека постигнале договор со ЕУ, што значи дека во еден пакет ги имаме трите клучни сојузници на Македонија, тоа е ЕУ, Обединетото Кралство и САД, истакна вицепремиерот Николоски.

Според него, условите за враќање и каматните стапки за средствата од договорот ќе бидат подобри од кое било досегашно позајмување. Финансирањето ќе биде врзано со проектот. Кај некои проекти рочноста ќе е пократка, кај некои ќе е подолга, ќе зависи од кондицијата на македонската економија и буџет, но исто така и од реализацијата на проектите, рече Николоски.

Во однос на каматните стапки посочи дека „иницијално можно е да се движиме и под стапката на инфлација“, но деталите ќе бидат кажани за месец до месец и половина.

лв/бак/

фото:Министерство за транспорт 

Остани поврзан