• четврток, 04 декември 2025

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Скопје, 20 мај 2025 (МИА) -  Владата  денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија закажана за четврток во Лондон. 

Во владината делегација ќе бидат и вицепремиерот Изет Меџити, министерката за обарзование Весна Јаневска и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.  

- Владата на Обединетото Кралство става на располагање шест милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Ова ќе биде проектно финансирање и исклучиво со реализација на проекти. Влегуваме во партнерство со ОК, клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападна држава која ги почитува евроатлантските вредности. Целта на договорот е да воспостави партнерство за реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација, рече на прес-конференција во Владата вицепремиерот Николоски.

Тој информира дека соработкат ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и националните политики на двете земји. 

Николоски најави дека владината делегација во Лондон ќе има средби и со министерите за внатрешни работи и за одбрана на Обединетото Кралство, како и со раководството на „Рајан ер“ од која, како што рече, очекува да произлезат и нови летови кон Скопје. 

Планираните проекти со договорот  се изградба и реконструкција на железничкиот Коридор 10 од Табановце до Гевгелија кој ориентационо како што соопшти Никооски, би требало да чини околу милијарда и 900 милиони евра до две милијарди евра,  како и изградба на Клиничка болница, Медицински факултет и Студентски дом во Штип, целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово и изградбата на нова болница со нов здравствен дом во Кичево, околу 200 милиони евра.  За тие проекти  од планираните шест милијарди евра со договорот,  би се потрошиле 2,1 до 2,2 милијарда евра, кои според инсистирањето на македонската страна би ги враќале по завршувањето на проектите.  лв/ра/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан