• петок, 05 декември 2025

Во Албанија ќе се одржи мултинационална воена вежба „Дефендер Европа 25“

Во Албанија ќе се одржи мултинационална воена вежба „Дефендер Европа 25“

Тирана, 20 мај 2025 (МИА) - Албанија ќе биде домаќин на една од најголемите мултинационални воени вежби: „Дефендер Европа 25“, која започнува на 25 мај и ќе биде предводена од Европската команда на САД (USEUCOM).

Министерот за одбрана на Албанија, Пиро Венгу на социјалните мрежи истакна дека „НАТО и партнерските сили ќе се обучуваат во Албанија и Косово за заштита на критичната инфраструктура, офанзивни и одбранбени операции, како и за безбедност на клучните точки на распоредување“.

„Тест за интероперабилност и јасна порака: НАТО е обединет“, нагласи Венгу.

Вежбата ќе трае до 9 јуни и има за цел да ја подобри подготвеноста, интероперабилноста и способноста за координирано дејствување меѓу силите на САД, НАТО и партнерските сили.

„Дефендер Европа 25“ вклучува серија борбени активности од голем обем во неколку земји во Европа, при што вежбата е структурирана како симулација како одговор на Член 5 на НАТО за колективна одбрана на сојузниците. вт/

Фото: Венгу ФБ/

Остани поврзан