• понеделник, 22 април 2024

SafeJournalists: Бараме строга санкција за напаѓачот на Фуркан Салиу во Северна Македонија

SafeJournalists: Бараме строга санкција за напаѓачот на Фуркан Салиу во Северна Македонија

22 март 2024 

Во текот на вчерашниот ден новинарот Фуркан Салиу бил физички нападнат од страна на извршителката Весна Јакимовска во Кичево.

Новинарот Фуркан Салиу додека се обидувал да земе изјава од Весна Јакимовска бил физички нападнат од неа и се здобил со повреда на раката и му бил оштетен микрофонот. Салиу повикал полиција на местото на настанот, а подоцна дал изјава во полициска станица. За овој настан е известен и обвинителот од Кичево и се преземени итни активности за расчистување на случајот.

Полицијата вчера ја приведе Јакимовска, откако таа извршила втор физички напад, овој пат врз полицаец во полициската станица во Кичево. Според официјалните информации од МВР, таа се обидела да ја уништи официјалната документација за нападот врз Салиу.

„Насилството врз новинарите и медиумските работници е неприфатливо. Сакам да истакнам дека според новите измени во член 144 од Кривичниот законик, напад врз новинар или медиумски работник додека извршуваат професионални задачи е кривично дело каде МВР и OJO се должни да дејствуваат. Брзата реакција на институциите во овој случај е охрабрувачка не само за казнување на сторителот туку и за демотивирање идни напади врз интегритетот на новинарите“, изјави Драган Секуловски, директорот на мрежата SafeJournalists и извршен директор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Мрежата SafeJournalists, која ги застапува медиумските професионалци од Западен Балкан, се придружува на нејзината членка ЗНМ и ги повикува Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство во Северна Македонија да спроведат брза истрага и да го казнат напаѓачот.

Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 22.03.2024

Здружение на новинари на Македонија

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на БиХ

Здружение на новинари на Хрватска

Независното здружение на новинари на Србија

Синдикатот на медиуми на Црна Гора

 Мрежа SafeJournalists

фото:МИА 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан