• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Предупредувачки истрели од воената хунта на Мјанмар кон конвој на кинескиот Црвен крст

Предупредувачки истрели од воената хунта на Мјанмар кон конвој на кинескиот Црвен крст

Нејпидо, 2 април 2025 (МИА) - Воената хунта на Мјанмар соопшти дека нејзините војници испукале предупредувачки истрели откако конвој на кинескиот Црвен крст не ја послушал наредбата на армијата да застане додека минува низ област зафатена со конфликти.

Портпаролот на Хунтата, Зав Мин Тун изјави дека инцидентот се случил синоќа и дека кинескиот Црвен крст не ја информирал владата ниту амбасадата за своето присуство во областа.

Тој рече дека безбедносниот тим отворил оган откако конвојот, во кој имало локални возила, не запрел. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан