• сабота, 14 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Норвешка се приклучи на Коалицијата за дронови за Украина

Норвешка се приклучи на Коалицијата за дронови за Украина

Брисел, 11 април 2025 (МИА) – Норвешка официјално се приклучи на меѓународната коалиција за беспилотни летала за Украина, предводена од Велика Британија и Летонија, објави на Икс норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик.

Норвешкиот премиер денеска во Брисел го потпиша соодветниот документ.

Коалицијата за дронови е формирана во февруари минатата година за време на 19. состанок на Контакт групата за одбрана на Украина. Идејата за негово создавање ја предложи Летонија, која сега е еден од лидерите на коалицијата, заедно со Велика Британија.

Коалицијата има 18 членки  - Летонија, Велика Британија, Австралија, Германија, Данска, Естонија, Италија, Канада, Литванија, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Полска, Франција, Чешка, Шведска и Украина.

Во март Коалицијата за дронови се согласи да издвојат 20 милиони евра од заедничкиот фонд за снабдување на украинските одбранбени сили со тактички беспилотни летала за извидување, надзор и собирање информации за непријателските позиции. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан