Во Санкт Петербург средба Виткоф – Дмитриев
- Специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стивен Виткоф денеска се сретна со главниот преговарач на Кремљ за економски прашања, Кирил Дмитриев во Санкт Петербург

Москва, 11 април 2025 (МИА) – Специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стивен Виткоф денеска се сретна со главниот преговарач на Кремљ за економски прашања, Кирил Дмитриев во Санкт Петербург.
Дмитриев на почетокот од месецот престојуваше во Вашингтон односно ја предводеше руската делегација во САД.
Предвидено е Виткоф да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин и со Поморски колегиум на Руската Федерација Николај Патрушев.
- Двајцата ќе разговараат за изнаоѓање решение за украинското прашање и средбата ќе биде добра можност Виткоф да му го пренесе на Путин ставот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, прецизирајќи дека средбата меѓу двајцата ќе трае онолку колку што му треба на Путин. ми/
фото: МИА архива