Министерство за одбрана на Азербејџан: Овие акти на агресија нема да останат без одговор
- Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ги подготвува мерки за одмазда против Иран, со цел да се одбрани територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, како и да се осигури безбедноста на цивилите и цивилната инфраструктура, нагласувајќи дека „актите на агресија нема да останат без одговор“.
Бaку, 5 март 2026 (МИА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ги подготвува мерки за одмазда против Иран, со цел да се одбрани територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, како и да се осигури безбедноста на цивилите и цивилната инфраструктура, нагласувајќи дека „актите на агресија нема да останат без одговор“.
Според соопштението на Министерството, на 5 март, вооружените сили на Исламската Република Иран извршија напади од иранска територија користејќи беспилотни летала врз Меѓународниот аеродром Нахчиван и друга цивилна инфраструктура во Автономната Република Нахчиван.
Техничките спецификации на беспилотните летала и деталите за нападот во моментов се испитуваат.
Министерството за одбрана на Азербејџан наведе дека остро ги осудува нападите, посочувајќи дека тие биле извршени „без никаква воена потреба“ и дека Исламската Република Иран сноси целосна одговорност за инцидентот. рп/јт/
Фото: МИА архива