Макрон телефонски разговараше со Трамп и Пезешкијан
- Францускиот претседател Емануел Макрон вчера телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, пред неговото патување на Кипар денеска за „зајакнување на безбедноста“ околу земјата-членка на ЕУ во источниот Медитеран.
Париз, 9 март 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон вчера телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, пред неговото патување на Кипар денеска за „зајакнување на безбедноста“ околу земјата-членка на ЕУ во источниот Медитеран.
„Ја нагласив потребата Иран веднаш да ги прекине нападите врз земјите во регионот“, рече францускиот претседател, првиот западен лидер кој разговараше со својот ирански колега од почетокот на војната.
„Иран, исто така, мора да гарантира слобода на пловидба со прекинување на фактичкото затворање на Ормутскиот теснец“, додаде тој.
Двајцата шефови на држави се согласија да продолжат да одржуваат контакт.
По разговорот, Макрон напиша на социјалната мрежа „Х“ дека му ја изразил на Пезешкијан „својата сериозна загриженост за развојот на нуклеарните и ракетните програми на Иран, како и неговите дестабилизирачки дејствија во регионот, кои се во срцето на сегашниот конфликт“.
„Денес е потребно дипломатско решение повеќе од кога било за да се одговори на овие клучни предизвици, да се стави крај на ескалацијата и да се зачува мирот“, додаде францускиот претседател.
Засега нема детали за разговорот со Трамп. мс/ссм/
фото: ЕПА архива