• петок, 13 февруари 2026

Joван Јованов со прва соло песна по 17 години како најава за големиот концерт во Скопје

Joван Јованов со прва соло песна по 17 години како најава за големиот концерт во Скопје

Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - „Не ти стои“ е насловот на новата песна на Јован Јованов. Ова е негов прв соло сингл по 17 години откога Јован пред извесно време се врати на сцената - првин со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“, што го испеа со Елвир Мекиќ.

- Среќен сум што по толку години, направив песна, која, се надевам, ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни - изјави Јованов.

„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован - тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната. 

Концертот што го планираат заедно со Елвир Мекиќ ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни. Влезниците веќе се во продажба.  си/јт/

Фото: ПР-тимот на Јован Јованов 

Остани поврзан