• понеделник, 20 април 2026

Четворица израелски војници загинале во акции во јужен Либан

Четворица израелски војници загинале во акции во јужен Либан

Тел Авив, 31 март 2026 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека четворица војници загинале во борби во јужен Либан.

Притоа, армијата ги објави имињата на тројца од загинатите, сите на возраст од околу 20 години, додавајќи дека „уште еден војник загинал“, но се уште не е одобрено објавувањето на неговиот идентиет. Во истиот инцидент еден војник е тешко повреден, а друг полесно.

ИДФ засега не објави дополнителни детали за настанот.

Копнените сили на израелската армија продолжуваат да напредуваат во јужен Либан, во рамки на операциите против инфраструктурата на проиранската милиција Хезболах.

Либанскиот министер за одбрана Мишел Менаса во петокот изјави дека израелските сили навлегле околу осум километри во внатрешноста на државата.

По речиси една година судири меѓу Израел и Хезболах, во ноември 2024 беше постигнат прекин на огнот. Хезболах повторно ги обнови нападите врз Израел по почетокот на војната со Иран пред околу еден месец, на што Израел одговори со интензивни воздушни напади и копнени операции во јужен Либан. аб/јт

фото/МИА архива

Остани поврзан