• вторник, 21 април 2026

Тројца загинати и 12 повредени во напад врз верски објект во Иран

Тројца загинати и 12 повредени во напад врз верски објект во Иран

Техеран, 31 март 2026 (МИА) – Три лица загинале, а 12 се повредени и пренесени во болница по воздушен напад врз верски комплекс во градот Занџан во северозападниот дел на Иран.

Според официјалните ирански гласила, во бомбардирањето биле оштетени административна зграда, угостителски објект, библиотека и околни објекти. Објавена видео-снимка прикажува целосно уништена зграда, урнатини и чад, додека самата џамија, според снимките, не е погодена.

Нападот се случува во услови на ескалација на конфликтот, откако Израел и САД извршија напади врз Иран на на што Техеран возврати со напади врз Израел и американски сојузници во регионот на Заливот. аб/јт

фото/ДПА

Остани поврзан