• петок, 16 февруари 2024

COP28: ЕИБ Глобално го претставува првиот пристап за правична отпорност и правична транзиција за да се задоволат потребите на најранливите

COP28: ЕИБ Глобално го претставува првиот пристап за правична отпорност и правична транзиција за да се задоволат потребите на најранливите

5 декември 2023 

· ЕИБ е првата меѓународна финансиска институција која промовира пристап на правична отпорност што ќе се применува од 2024 година па натаму.

· Во девет пилот земји, ЕИБ ја проширува својата поддршка за правична транзиција на глобално ниво, вклучително и преку Партнерствата за правична енергетска транзиција и иницијативите на Тимот Европа.

· Новите пристапи имаат за цел да ги поддржат оние кои се најмногу погодени од климатските политики и се чувствителни на климатски промени.

На конференцијата за климатски промени COP28, ЕИБ Глобално, развојниот огранок на Европската инвестициска банка (ЕИБ), го претстави својот нов пристап за зголемување на финансирањето и советодавните услуги за поддршка на правичната транзиција и правичната отпорност ширум светот. ЕИБ ќе биде првата меѓународна финансиска институција која ќе примени пристап на правична отпорност од почетокот на 2024 година. Надоврзувајќи се на својата значителна работа во Европската Унија за поддршка на заедниците погодени од напорите за декарбонизација, ЕИБ Глобално првично ќе ги фокусира своите активности за правична транзиција на Босна и Херцеговина, *Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Украина, Јужна Африка, Индонезија и Виетнам.

ЕИБ Глобално ќе работи со јавни и приватни партнери за да ги идентификува можностите и да одговори на предизвиците поврзани со правичната транзиција и правичната отпорност. Ќе ги поддржи работниците погодени од зелената транзиција, а ќе ги поддржи и проектите во инфраструктурата со низок јаглерод, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, развојот на малите и средни компании, образованието, обуката и преквалификацијата, како и рехабилитацијата на животната средина. Банка поддржува проекти преку директни и посредни заеми преку фондови, банки и микрофинансиски институции. Дополнително, ЕИБ Глобално се обидува да изгради финансиски, технички и партнерства базирани на знаење за да помогне во подготовката вакви проекти ширум светот.

„Декарбонизирањето на нашите економии и правењето тие да бидат отпорни на климата мора да се случи на општествено одговорен начин или нема да се случи“, рече потпретседателот на ЕИБ, Амбруаз Фајол. „Според новиот пристап на ЕИБ Глобално за правична транзиција и правична отпорност, ги поддржуваме земјите и луѓето кои се најмногу погодени од климатската криза и зелените политики. Наша цел е да направиме климатските активности да функционираат за сите. Ги повикувам нашите партнери да ни се придружат во овој клучен потфат да ги поддржиме одржливите инвестициски проекти коишто не оставаат никого зад себе.“

Пионерска правична отпорност

Правичната отпорност има за цел да обезбеди политиките и проектите за адаптација на климата да ги земат во предвид потребите на сите за да се избегнат несакани влијанија. Зголемувањето на климатската отпорност и обезбедувањето правични политики за климатска адаптација се итно потребни, бидејќи зголемените температури ги зголемуваат географските и социјалните нееднаквости со катастрофални последици.

Од 2024 година па натаму, ЕИБ Глобално ќе ја насочи својата поддршка за правична отпорност кон најмалку развиените земји, кревките и погодени од конфликт држави и малите островски држави во развој. Покрај тоа, ЕИБ Глобално ќе ги таргетира активностите за адаптација на

климата кои ги вклучуваат или од кои ќе имаат корист оние чија егзистенција зависи од природните ресурси и екосистемите, домородните луѓе, жените, младите луѓе, мигрантите и другите групи кои носат нееднаков товар од климатските промени ширум светот.

Притоа, ЕИБ Глобално ги поддржува Партнерствата за правична енергетска транзиција и работи заедно со иницијативите на Тим Европа за ставање крај на производството на енергија базирано на јаглен. Покрај пилот-земјите, ЕИБ Глобално ќе им помогне на работниците и заедниците погодени од затворањето на погоните за фосилни горива или од активностите што вклучуваат екстракција на фосилни горива.

Европска инвестициска банка - ЕИБ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан