COGAT: Над 300 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа преку Израел
- „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на истиот извор наведува дека Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации, кои се задолжени за дистрибуција на помош до жителите на Газа, вчера од палестинската страна презедоа над 390 камиони со помош.
Тел Авив, 15 август 2025 (МИА) - Повеќе од 310 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа преку израелските премини Керем Шалом и Зиким, објави денеска израелскиот координатор за владини активности на териториите (COGAT).
„Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на истиот извор наведува дека Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации, кои се задолжени за дистрибуција на помош до жителите на Газа, вчера од палестинската страна презедоа над 390 камиони со помош.
Покрај копнените испораки, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Германија, Белгија, Италија и Франција извршија испораки на помошта по воздушен пат, наведе израелската војска.
ОН проценува дека за соодветно снабдување на двата милиони луѓе во Газа, дневно се потребни околу 600 камиони со помош, што значи дека сегашното ниво на испорака не ги задоволува сите хуманитарни потреби.
COGAT, исто така, изјави дека во Газа влегле цистерни со гориво наменети за основните хуманитарни системи, како и дека е овозможен ротирачки влез и излез на хуманитарните работници.сд/
фото:МИА архива