• вторник, 22 октомври 2024

Членови на Претседателството на БИХ во Сараево се сретнаа со албанскиот претседател Бегај

Членови на Претседателството на БИХ во Сараево се сретнаа со албанскиот претседател Бегај

Бaња Лука, 22 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) Денис Бежировиќ денеска во Сараево изјави дека Албанија е стратешки сојузник и пријател на Босна и Херцеговина, наведувајќи дека поради тоа е важно да се продлабочат односите меѓу двете земји.

„Важна е пораката од претседателот на Албанија дека цврсто ја поддржува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, рече Беќировиќ на прес-конференцијата по средбата на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина со албанскиот претседател Бајрам Бегај.

Тој додаде дека надворешно-политичките приоритети и цели на БиХ и Албанија се идентични, нагласувајќи дека двете земји сакаат полноправно членство во ЕУ, како и дека државните органи на БиХ одлучиле дека целта е полноправно членство на земјата во НАТО.

Сакаме и добра регионална соработка“, рече Беќировиќ.

Наведувајќи дека косовскиот премиер Аљбин Курти, кого го нарече негов голем пријател, донел еднострана одлука да го укине визниот режим за граѓаните на БиХ, нарекувајќи го „државнички потег“, тој исто така наведе дека очекува БиХ да ги укине визите за граѓаните на Косово. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан