Меѓународна конференција во организација на Народна банка и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (во живо)
Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - „Повторното актуализирање на инфлацијата и новата геополитичка реалност во прилог на преосмислувањето на макроекономската политика“ е темата на Деветтата меѓународна истражувачка конференција, којашто Народната банка годинава ја организира во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ).
Конференцијата, со поздравни обраќања, ќе ја отворат претседателот Стево Пендаровски и челните претставници на институциите-организатори, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, и извршниот директор на КПБВ, Марк Узан. Воведно обраќање на Конференцијата ќе има и директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер.