• понеделник, 23 декември 2024

Џудо федерацијата на С. Македонија и Факултетот за физичко образование потпишаа меморандум за соработка

Џудо федерацијата на С. Македонија и Факултетот за физичко образование потпишаа меморандум за соработка
Скопје, 17 септември 2020 (МИА) - Џудо Федерацијата на Северна Македонија и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје потпишаа Меморандум за соработка преку кој ќе се даде научна поддршка за реализација на развојната програма на федерација. Со научната и експертска поддршка од Факултетот ќе се овозможи едукација на кадрите, како и подигање на нивото на знаење и вештини кај членството на Федерацијата.
  • Дел од развојната програм на Федерацијата е вклучување на институции и стручни лица од повеќе области кои можат да помогнат во развојот и унапредувањето на џудото во Македонија, и тој план започнува да се реализиран токму со овој Меморандум, како прв и многу значаен чекор. Џудото како спорт има перспектива во Македонија и работата на Федерацијата само ги потврдува капацитетите, кои што треба да ги стимулираме и да создадеме простор за уште поголема експанзија. Преку оваа соработка со Факултетот за физичко образование, нашето членство ќе добие значајна помош и стручна поддршка”, изјави Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Северна Македонија.
За исполнување на целите на соработката, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе изготвува и реализира истражувачки проекти поврзани со џудо спортот, како и тестирања за антрополошкиот статус на џудистите од различни возрасни категории со препораки за подобрување на нивниот развој. Токму тоа ќе даде голем придонес во институционализирање и професионализирање на џудото како спорт.
  • Унапредувањето на џудо културата и спортот во Македонија е од големо значење за секого, пред се заради големиот интерес и потенцијал што постои во Македонија. Федерацијата прави многу за популаризација на овој спорт и тоа преку едукацијата за џудото, па токму во таа насока е и оваа соработка, само подигнато на повисоко ниво, истакна проф. д-р Ленче Алексовска Величковска, Декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. зс/

Остани поврзан