• среда, 12 март 2025

Фергусон ја поздрави идејата за нов стадион на Манчестер јунајтед

Фергусон ја поздрави идејата за нов стадион на Манчестер јунајтед


Манчестер, 11 март 2025 (МИА) – Еден од најтрофејните тренери во историјата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон позитивно реагираше на веста дека клубот планира да изгради нов стадион на местото на легендарниот „Олд Трафорд“.
Новиот стадион на Манчестер јунајтед ќе има капацитет од 100.000 гледачи.
„Манчестер Јунајтед секогаш мора да се стреми да биде најдобар во сè што правиме, на теренот и надвор од него, вклучително и стадионот на кој играме. „Олд Трафорд“ чува толку многу посебни спомени за мене лично, но мора да бидеме храбри и да ја искористиме оваа можност да изградиме нов дом, погоден за иднината, каде што ќе се пишува нова приказна“, изјави Фергусон.
Манчестер Јунајтед под водство на Фергусон од 1986 до 2013 година освои 13 премиерлигашки титули, пет трофеи во ФА Купот, а два пати ја освои Лигата на шампиони на УЕФА. ег

Остани поврзан