• понеделник, 23 декември 2024

Џудистката што ја победи Реџепи го освои првиот медал за Британија на Олимписките игри во Токио

Џудистката што ја победи Реџепи го освои првиот медал за Британија на Олимписките игри во Токио
Токио, 25 јули 2021 (МИА) – Џудистката Челси Гил го освои бронзениот медал во категоријата 52 килограми на Олимписките игри во Токио. Ова е прв медал за Велика Британија на Игрите. Во мечот за третото место, таа ја совлада Фабиен Кочер. Во првото коло, Гил ја победи македонската претставничка Арбреша Реџепи. Бронза освои и Одет Гиуфрида од Италија, која ја совлада реката Пуп од Унгарија. зс/

Остани поврзан