• понеделник, 23 декември 2024

Џорџ Клуни: Нема „таква дрога“ што ќе ме натера повторно да го глумам Бетмен

Џорџ Клуни: Нема „таква дрога“ што ќе ме натера повторно да го глумам Бетмен

Лос Анџелес, 20 декември 2023 (МИА) - Џорџ Клуни изјави за „Ентертејнмент тунајт“ (Entertainment Tonight) дека „нема таква дрога во светот“ што ќе го натера повторно да го глуми Бетмен. Американскиот глумец повеќепати потсети дека неговата улога во филмот „Бетмен и Робин“ од 1997 година му била една од најголемите грешки во филмската кариера.

Џорџ Клуни се појави во епизодна улога и во годинешното остварување „Флеш“ (The Flash). За неговото појавување од неколку секунди во филмот, како што вели, сакал да го носи истиот Бетмен-костим од претходно (познат по гумените брадавици).

- Прашав „Каде ми се брадавиците?“ Ми рекоа „Може ли без гумените брадавици?“ А, јас велам „Тогаш, не е мојот Бетмен, нели?“, се шегува 62-годишниот глумец.

„Бетмен и Робин“ има оценка од 3,8 / 10 на ИМДБ, една „Златна малина“ за најлоша споредна женска улога и неколку номинации за тие „анти-Оскари“. Од таа 1997 година, Бен Афлек е еден од глумците кои ја презедоа улогата на Бетмен, а Клуни призна оти во една прилика му порачал да не оди по неговите стапки.

- Всушност и разговарав со него за тоа. Му реков: „Немој да го правиш тоа“. Тоа го велам од моето искуство, откри Клуни, додавајќи дека Афлек (51), сепак завршил одлична работа.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан