• недела, 22 декември 2024

Џонсон предложи закон за привремено финансирање на американската Влада

Џонсон предложи закон за привремено финансирање на американската Влада

Вашингтон, 23 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Претставничкиот дом на САД Мајк Џонсон денеска предложи тримесечен нацрт-закон за привремено финансирање на владата, кој не вклучува мерка за имиграција што ја бара Доналд Трамп, бидејќи пратениците се обидуваат да избегнат делумно затворање на владата на крајот на месецот.

Џонсон го претстави планот во писмо до колегите, објавено осум дена пред истекот на тековното финансирање од 1,2 трилиони долари (делот од буџетот што Конгресот може слободно да го доделува секоја година, без обврска, за различни владини програми и проекти).

Законодавниот дом планира да гласа за законот во среда, според извор запознаен со планот. Неуспехот да се дејствува дотогаш ќе доведе до принуден одмор за илјадници вработени и затворање на широк опсег на владини операции неколку недели пред изборите на 5 ноември.

Предлогот, кој го исклучува барањето на Трамп за воведување нови барања за луѓето да обезбедат доказ за државјанство за да се регистрираат за гласање, е во согласност со она што го бараше лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер, што е основно продолжување на владиното финансирање до декември. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан