• недела, 22 декември 2024

Џонсон: Нуклеарната закана на Путин го „одвлекува внимание“ од настаните во Украина

Џонсон: Нуклеарната закана на Путин го „одвлекува внимание“ од настаните во Украина
Лондон, 27 февруари 2022 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го стави нуклеарното оружје во состојба на висока готовност е со цел да го одвлече вниманието од тоа што навистина се случува во Украина. - Тоа е одвлекување на вниманието од реалноста на тоа што се случува во Украина, истакна Џонсон. Тој додаде дека Украинците се соочуваат со „целосно неиспровоциран чин на агресија против нив“. - А, тоа што всушност се случува е дека тие возвраќаат, можеби со поголем ефект, со поголем отпор, отколку што сметаше Кремљ, посочи Џонсон. ми/

Остани поврзан